Сезона на грип во корона-пандемија: Како да се разликуваат вирусите?

"И со антибиотик и без антибиотик, грипот трае седум дена"
д-р Горан Аврамовски

Грипот зема замав и се повеќе ги заразува пациентите, кои, пак, го опишуваат како мачен. Висока температура, која знае да се повтори и по ден-два пауза па пациенот да се залаже дека поминал, болки во зглобовите, изнемоштеност, кашлање се само дел од симптомите на грип. Неговата сезона е во пандемија на коронавирус, па пациентите знаат да се збунат околу тоа од што се болни. Матичните лекари велат дека ги разликуваат симптомите на двата вируси, и иако најсигурно се прави разлика со тестови, тоа не може да си го дозволат за сите болни.

Матичните доктори на почеток се соочуваа со диференцијално-дијагностички проблем за разликување на коронавирусот од грипот. Меѓутоа, како што објаснува д-р Горан Аврамовски, симптомите денес се лесно препознатливи.
 

Болните од грип обично брзо развиваат високата температура, од 38,5 до 39 степени Целзиусови. Потоа, тие брзо добиваат и болки во коските, зглобовите и мускулите, имаат сува кашлица и чувствуваат омалаксаност. Тоа се главните показатели дека станува збор за заболени од грип, додека кај заболените од коронавирус симптомите се појавуваат малку побавно. За да бидеме сигурни, најдобро е да се прават ковид-тестови, бидејќи сега имаме и ситуации каде што некои пациенти можат да бидат заразени и со грип и со коронавирус истовремено – објаснува д-р Аврамовски.
 

Докторите ги следат сите протоколи, се прават крвни слика и се дава соодветна терапија. Исклучително важни е да се прават редовни контроли на 2-3 дена, како и да се мери сатурацијата кај пациентите заболени од ковид-19.
 

Сега е сезона на грип, така што најдобро е граѓаните да избегнуваат мешање со други луѓе, при што со почитување на мерките за ковид-19, со одржувањето на дистанца и носењето маска, истовремено тие ќе се заштитат и од заболувањето со грип – посочува д-р Аврамовски.
 

За да се намали бројот на заболени со грип, се препорачува граѓаните, а посебно хронично болните лица, дополнително да бидат внимателни, да внимаваат и да го зајакнат нивниот имунитет со внесување на витамини и течности, како и да седат во соодветно топли простории. Сепак, додава д-р Аврамовски, најдобра заштита против овој вирус е вакцинирањето.
 

Најголемиот пик со заболени од грип се јавува најчесто околу февруари, кога температурите варираат околу 18 степени Целзиусови, па се до паѓање на нулата. Измамени од сончевите зраци и убавото време во текот на денот, граѓаните излегуваат од топло на ладно, не се облекуваат со дебела зимска облека и го изложуваат организмот на ризик.

Закажете го Вашиот термин и добијте ја насмевката што одсекогаш сте ја посакувале. Секогаш се стремиме да ги исполниме вашите желби и очекувања во зависност од условите во устата.
Закажете го Вашиот термин и добијте ја насмевката што одсекогаш сте ја посакувале. Секогаш се стремиме да ги исполниме вашите желби и очекувања во зависност од условите во устата.