Кога треба да посетите стоматолог? Препознајте ги симптомите навреме!

„Важно е на кого му го доверувате вашето здравје. Нашата стоматолошка ординација ‘Дентиција’ постои веќе 20 години, успешно работи, се надоградува, стремејќи се секогаш да ги исполни вашите желби и очекувања и да одговори на било кое барање поврзано со оралното здравје. Се надеваме дека со овие совети пробудивме интерес кај вас за зголемена свесност и грижа за истото, а доколку имате потреба од дополнителен совет или интервенција“
 
Сци. Др. Билјана Петровска,
специјалист по ортодонција
Денталното и здравјето на устата се есенцијален дел од генералното здравје и добросостојба Во денешно време благодарение на многуте технолошки достигнувања и напредок, компјутерите и дигиталната технологија, олеснети се процедурите и квалитетот на услугите на многу начини. Да се биде стоматолог е многу исполнително, искуството за пациентите е многу попријатно, па взаемната грижа за оралното здравје несомнено дава резултати.
Имплантите ја менуваат старата реалност, кога при терминална беззабост единствен избор беше гломазната тотална протеза, па сега се прв избор во многу случаи при губиток на еден или повеќе заби.

Дигиталната технологија промени многу во однос на денталната грижа. Една од посигнификантните промени е дигиталната радиографија, па изведувањето на снимањето е со користење на 1/100 од радијација која се користела порано!

Дигиталната технологија се проби и во заботехничките лаборатории. Така, со помош на CAD-CAM технологијата, целосно компјутерски се планира изгледот и формата на протетскиот надоместок. На тој начин, со максимална претцизност и естетика добиениот резултат ги задоволува највисоките критериуми.

Заботехничка лабораторија на „Дентиција“ располага со овој систем, па финалниот производ (коронки, мостови, ламинати) ги исполнува очекувањата на пациентот.

Во полето на Ортодонцијата, кога станува збор за денто-алвеоларните и виличните неправилности, како и нарушени орални функции (дишење на уста, тискање на јазик) пристапуваат индивидуално кон секој пациент, користејќи различни методи од фиксната и мобилната техника.

Примарната цел им е да постигнат што побалансиран профил на лицето и функционална оклузија.

Здравите заби и непца овозможуваат правилна функција но се важни и за самодовербата на индивидуата.

Не треба да се чека да се појават симптоми за да го посетиме својот стоматолог. Редовни контроли, два пати годишно, ни овозможуваат навремено да го забележиме проблемот пред и да се појават симптоми.

Доколку забележите некој од овие симптоми, закажете преглед кај вашиот стоматолог најбргу што може:
  • Ранички или афти во устата кои не зараснуваат после недела или две
  • Непца кои се отечени или крварат после четкање на забите
  • Лош здив кој трае долго време
  • Изненадна осетливост на ладно или топло
  • Забоболка
  • Болка при џвакање
  • Оток на лицето или образите
  • Кликање на виличниот зглоб
  • Оштетени или скршени заби
  • Сува уста

Денталното и здравјето на устата се есенцијален дел од генералното здравје и добросостојба. Одржувањето на здрави непца и заби се обврска за цел живот. Колку побрзо создадете здрави навики за грижа за оралното здравје полесно ќе ви биде да избегнете скапи дентални процедури и болести поврзани со целокупното здравје.
Закажете го Вашиот термин и добијте ја насмевката што одсекогаш сте ја посакувале. Секогаш се стремиме да ги исполниме вашите желби и очекувања во зависност од условите во устата.
Закажете го Вашиот термин и добијте ја насмевката што одсекогаш сте ја посакувале. Секогаш се стремиме да ги исполниме вашите желби и очекувања во зависност од условите во устата.